За нас

     КЕМ“ а.д. – Гостивар е фабрика за производство на огноотпорни материјали формирана во 1992 година во Гостивар. Нашите производи се користат во црната металургија, во металургијата на обоени метали и сите останати топлотни агрегати, како што се ложишта на котларници, печки и цели построенија за спалување на медицински и фармацевтски отпад, ложишта во асфалтни бази, ложишта во пекарската индустрија, изработка на електроотпорни печки за термичка обработка на метали, изработка на електроотпорни печки за печење на керамика и порцелани, печки за топење при леење на обоени метали (алуминиум, бакар, бронза, цинк, месинг), електроотпорни печки во златарската индустрија (топење на злато).
 Спрема горенаведеното, оваа фабрика своите производи ги пласира во најодговорните металуршки агрегати во црната металургија, како што се: електропечки, индукциони печки, миксери, конвертори, транспортните леарски казани за челик, како и сите изливни делови во агрегатите при самата металургија на железо и челик, во агрегатите за металургија на обоените метали (производство на бакар, фероникел, ферохром, фероманган, алуминиум, злато) печките за производство на печена вар, пламените печки за топење на концентрати на металите, конверторите за добивање на обоени метали, анодни печки, печки за електролиза на обоените метали, печки за добивање на нус производи во самата металургија, како на пример, сулфурна киселина при добивањето на бакар, длабински печки за загревање на одливци од металите пред пластична обработка (валање, ковање и извлекување), со еден збор кажано, фабриката произведува огноотпорни материјали скоро за сите места каде што е потребно да се издржат високи температури и агресивност од физичко – хемиските процеси при добивање на металите и сите места кои се изложени на високи температури од горилниците во агрегатите кои се погоре наведени.